Еден век по колежот, Ерменците во современа Турција се уште се претпазливи

Од:

ДПА – Хамбург

Речиси никој од неговите претци не го преживеал убивањето на ерменци во Отоманската империја пред еден век. Но дедото на Гафур Тјуркај бил единствениот од малкумината к`сметлии.

Внук му, кој сега има 50 години, седи во дворот на ерменската црква Сурп Гирагос во југоисточниот турски град Диарбекир.

Мачнината од тие дни се уште не исчезнала. „Имајќи предвид дека зборот `Ерменец` продолжува да се користи како навреда, можете да си претпоставите колку е тешко“.

Тјуркај потсетува на изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кога за време на предизборната кампања минатиот август рече дека иако е Турчин, често бил навредливо нарекуван Грузиец или „дури и со полоши нешта“, како на пример Ерменец.

Сурп Гирагос, најголемата ерменска црква на Блискиот исток, била разрушена се до нејзината реставрација која започнала на почетокот на 2010 година. Нејзината обнова била финансирана воглавно од Ерменци кои живеат во Турција и од еременската дијаспора.

Како претседател на црковната фондација Сурп Гирагос, Тјуркај гаи гнев кон Германија. Сурп Гирагос била користена од германските војници како касарна за време на Првата светска војна, кога империска Германија и османските турци биле сојузници.

Иако е сега целосно реставрирана, во црквата не се одржуваат многу служби. Меѓу Ерменците во Диарбекир денес има само мал број христијани. За најважните религиозни празници, долетува свештеник од Истанбул, каде според проценките живеат околу 60 илјади Ерменци – тоа е најголемата ерменска заедница во Турција.

Диарбекир бил голем ерменски центар до раселувањата за време на Првата светска војна. „На почетокот на 20-иот век, шеесет проценти од населението било христијанско“, вели Тјуркај.

– Три групи се издвоиле при геноцидот: децата, убавите моми и мајсторите занаетчии“. Дедото на Тјуркај во тоа време бил дете.

И сите го примиле исламот, затоа што биле принудени тоа да го сторат, или затоа што се надевале дека тоа ќе им овозожи заштита.

Дедото на Тјуркај веројатно бил одгледан како муслиман од курдско семејство, па дури бил и на аџилак во Мека. Самиот Тјуркај исто пораснал како муслиман, но вели дека од секогаш знаел за своето ерменско потекло.

Пред пет години, тој се вратил на своите корени и се покристил.

Се поголем број турски Ерменци одново го проучувааат своето потекло, но малкумина преземаат смела одлука да му свртат грб на исламот со кој израснале.

– Некои се срамат, вели Тјуркај. „Тие одраснале како муслимани“. Покрај тоа, со векови Ерменците биле „убивани и репресирани“, додава тој. „Тие се навистина уплашени“.

Во 2004 година, само една единствена брачна двојка во Диарбекир го признала фактот дека се Ерменци. Денес има помеѓу 300 и 400 души кои би сакале тоа да го направат, вели бившиот кмет на Диарбекир, Абдула Демирбаш, кој е курд.

Но мнозинството остануваат муслимани. Бројот на луѓето од ерменско потекло веројатно е многу поголем.

Ерѓун Ајик, претседател на Ерменската црковна фондација, кој живее во Истанбул, посочува дека едвај 10 до 20 души биле кристени во црква.

Иако реконструкцијата на храмот ги повела луѓето да го запознаат своето ерменско наследство, „многумина остануваат муслимани“, вели тој. „Тие имаат семејства, имаат живот. Тоа е многу тешко за нив“.

И до ден денешен, Ерменците во Турција се многу претпазливи пред другите да го откријат своето потекло. „Ако не е неопходно, не го кажуваме“, вели Ајик.

Демирбаш, кој е кандидиат на прокурдската Демократска партија на народите, за претстојните парламентарни избори во јуни, ја поддржал обновата на црквата кога бил градоначалник, иако неговата поддршка за Ерменците и за други малцинства му создала проблеми со турските власти.

Во однос на колежите за време на Првата светска војна, тој вели: „Според мене тоа е геноцид и злосторство против човештвото. Јас лично се извинив за тоа“. Турската држава одбива да го користи терминот „геноцид“.

Тјуркај како бесмислена ја смета дебатата за тоа како да бидат нарекувани ѕверстата во кои, според Ерменците, биле убиени 1,5 милиони луѓе.

– Велат не треба да го осудуваме тоа, вели тој видно растревожен. „Но дури и баба ми велеше дека и кравите во полето знаат дека тоа било геноцид“.

Тој ги обвинува и Германците. „Германците ја сносат одговорноста за секоја пролиена капка ерменска крв“, посочува Тјуркај. „Според мене, Ерменците имаат право да ги мразат Германците и во следните сто години“.

– Ако тие не ја поддржеа Отоманската империја, сето тоа немаше да се случи.

Ајик е малку подипломатичен. За него не е важно дали германската влада ќе го признае убивањето како геноцид. „Извинување би било доволно“, потенцира тој.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски