Џонсон ќе одговори на понудата на ЕУ откако ќе ги дознае сите детали

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе одговори на понудата на ЕУ да го одложи Брегзит за три месеци, откако ќе ги дознае сите детали, изјави денеска неговиот портпарол.

Европската унија се согласи да го пролонгира излегувањето на Велика Британија од ЕУ до јануари 2020 година, соопшти преку „Твитер“ претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск.

Тој посочи дека Унијата се согласила да дозволи „флексибилно одложување“, што значи дека Велика Британија би можела да ја напушти ЕУ и пред одредениот рок, доколку претходно во Парламентот биде одобрен договорот кој премиерот Борис Џонсон го постигна со Брисел, јави Би Би Си.

Одлуката доаѓа во момент кога британските пратеници се подготвуваат да гласаат за предвремени избори. Џонсон бара одржување избори на 12 декември, додека две опозициски партии, Шкотската национална партија и Либералните демократи сакаат изборите да се одржат на 9 декември.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца