Ѕанакопулос: Денеска е историски ден

Од:

Денеска се решава еден историски проблем, денеска е историски ден, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Сто кокино“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Денеска е историски ден, денеска се решава еден историски проблем меѓу двете земји и мислам дека би можело да биде поттик за нова ера, не само во билатералните односи, туку и на Балканот, бидејќи Договорот од Преспа е модел за начинот на кој треба и можат да се решаваат билатерални спорови и секако со идентитетски карактер. Конкретната разлика можеби е и последната идентитетска разлика во балканскиот регион и можеме денес, со радост и гордост се прави решителен чекор за решавањето, истакна Ѕанакопулос во интервјуто непосредно пред гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос