DW: Ештон и Клинтон доаѓаат без волшебен рецепт за Балканот

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон и американскиот државен секретар Хилари Клинтон не доаѓаат на Балканот со нов рецепт за регионот, туку да им пружат поголема поддршка и да ги насочат кон заедничката евроатлантска иднина Босна и Херцеговина, Србија и Косово, објавува „Дојче веле“.

– И ЕУ и САД сакаат да видат успешен процес на евроатлантските интеграции на Сараево, на Белград и на Приштина, а основната порака ќе биде дека сите имаат европската перспектива, изјави портпаролот на Ештон, Маја Коцијанчиќ.

Главна тема на посетата на Клинтон и на Ештон на Србија и на Косово ќе биде поддршката на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Јасно е дека дијалогот продолжува. Во постојан контакт сме, консултации и сметаме дека тоа е во интерес и на едната и на другата страна за да напредуваат на патот кон проширувањето на ЕУ. Во исто време, дијалогот јасно го поддржуваат и САД, посочи Коцијанчиќ.

Покрај таквата заедничка порака, европските аналитичари оценуваат дека посетата на Клинтон е индикација дека Вашингтон очекува ЕУ не само да продолжи да се залага за својата политика во регинот туку и регионот да се фокусира на ЕУ.

– Знаеме дека постојат прилично политички актери во регионот кои имаат навика прво да се вртат кон Вашингтон, а потоа кон Брисел. Оценувам дека оваа посета би можела да биде сигнал за да се смени таквиот пристап, истакна директорот на асоцијацијата Независни диоломати Николас Вајт.

Тој посочува дека со посетата Американците јасно ќе им порачаат и на косовската власт и на опозицијата дека ќе мора да се свртат кон Европа и оти Европа сега е нивната иднина.

Ештон и Клинтон денеска во Сараево ќе имаат заеднички средби со босанското раководство, при што ќе побараат да се почитува Дејтонскиот мировен договор, да не се отвораат прашања за иднината на оваа земја, и да се спроведуваат побараните реформи.

Вајт наведува дека работите во БиХ можеби стагнираат но оти не се движат наназад, како и дека сега е можна промена на подобро.

– Сметам дека соседите на крај ќе ја повлечат БиХ во ЕУ. Кога политичарите во БиХ ќе увидат со што другите се занимаваат тоа ќе предизвика промени и кај нив, истакна Вајт.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски