Две жртви од студот во Албанија

Од:

Есктремно ниските температури и високата снежна покривка се причина за смртта на две лица во Албанија.

Споредн онлајн изаднието на весникот „Шекули“ станува збор за Теодораќ Демби (76) жител на албанскиот град Корча и Мухарем Топчи(53) од селото Брачај,кај Корча.

Безживотното тело на Демби било пронајдено во близина на училиштето „Исмаил Ќемали“ во Корча. Втората жртва, Топчиу било психички болно лице а неговото тело го пронашле блиски роднини.

И кај двајцата смртта, според лекарите настапила од премрзнување. Подрачјето на Корча, во југоисточна Албанија е познато по многу ниските теператури секоја зима.

Поради ниските температури и големи снежни врнежи повеќе делови на Албанија се без електрична енерија, а многу планиски села се завеани.Тешко се одвива и патниот сообраќај поради голомразица.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент