Две третини од децата во Турција живеат во сиромаштија според стандардите на ЕУ

Од:

Две третини од децата во Турција живеат во сиромаштија според стандардите на ЕУ, покажува извештај, изготвен од центарот за економски и социјални истражувања на универзитетот Бахчешехир во Истанбул.

Околу 63,5 отсто од децата на возраст до 15 години во земјата во 2011 живееле во сиромаштија, според истражувањето.

Податоците покажуваат дека Турција изостанува во тој однос од земјите од Јужна Европа, како и од други послабо развиени европски земји како Унгарија и Романија.

Според критериумите на ЕУ сериозни материјални недостатоци има ако домаќинството не може да си дозволи најмалку четири од следните нешта, плаќање наемнина, плаќање хипотека или сметки за комунални услуги, затоплување на домот, неочекувани трошоци, храна вклучувајќи месо, пилешко месо или риба секој втор ден, еднонеделен годишен одмор надвор од домот, телевизор, телефон или автомобил.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски