Двајца турски полицајци убиени во нов напад за кој осомничени се ПКК

Од:

Двајца турски полицајци беа убиени денеска во реон на јужниот град Адана во нов напад што им се припишува на курдските бунтовници.

Припадници на ПКК нападнаа државен објект во градот Позанти по што полицијата одговори на огнот. Во престрелката беа убиени двајца полицајци.

Откако на 20 јули почна нов бран насилства во Турција, најмалку 13 војници или полицајци беа убиени од кои тројца вчера во напад врз воен конвој во југоисточна Турција.

Најголем дел од нападите се извршуваат во југоисточна Анадолија во окрузите во близина на северен Ирак каде бунтовници на ПКК имаат засолништа. Денешниот напад беше извршен во позападниот дел во реон често посетуван од туристи. Во одговор, турската армија секојдневно гранатира позиции на ПКК во северен Ирак.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица