Дваесетина ранети на синоќешните протестите во Турција

Од:

Двајца новинари, седуммина полицајци и десетина демонстранти се ранети во судирите меѓу полицијата и учесниците во синоќешните протести во турскиот град Мерсин.

Околу 500 учесници во протестите кои се одржаа како знак на солидарност со протестите против реконструкцијата на истанбулскиот парк Гези, се собраа покрај двата соседни трговски центри во Мерсин со планови да излезат на градскиот плоштад.

Протестите не беа одобрени од властите, поради што полицијата им го попречи патот на демонстрантите и ги повика со мегафони да си заминат, но тие не ја послушаа наредбата. Фаќајќи се за раце тие се обидоа да ги истуркаат полицајаците, кои ги нападнаа со солзавец и водени топови.

Демонстрантите одговорија со камења и празни шишиња. Дел од демонстрантите почнаа да поставуваат барикади и ги гаѓаа полицајците со се што ќе им дојде при рака – столици, маси, чадори, канти за отпад.

2013-06-30T182427Z_4_CBRE95T0IQG00_RTROPTP_2_TURKEY-KURDS

Неколку лица се ранети и во Дијабекир, во југоисточна Турција, каде вчера полицијата растера топла од три илјади курдски демонстранти. Во немирите се ранети најмалку еден полицаец, новинар и десетина демонстранти, а неколку лица се уапсени.

Во истанбулскиот регион Бејолгу 15 екстремисти со маскирани лица извикуваа пароли за поддршка на терористичка организација и нападнаа со камења и шишиња градски автобус со 30 патници. Во инцидентот нема настрадани.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски