Два сомнителни коверти испратени до Судската палата во Анкара

Од:

Два сомнителни коверти беа испратени денеска до Судската палата во Анкара, откако во петокот слични пратки со жолт право добија шест конзулати во Истанбул, јави турската телевизија НТВ.

Во Судската палата веднаш пристигнале експертски тимови, кои почнале истрага во врска со сомнителните коверти.

Конзулатите на Канада, Белгија, Германија, Франција и САД во петокот добија пет коверти со сомнителниот жолт прав, а турските власти соопштија дека таков коверт денеска добил и унгарскиот Конзулат во Истанбул.

Турското Министерство за здравство соопшти денеска дека првичните анализи на правот во сомнителните коверти покажуваат дека не станува збор за некаква опасна материја.

Во соопштението се наведува дека анализите биле негативни за присуство на антракс, рицин, ботулински отров, колера и туларемија.

Министерството додаде дека ќе бидат направени подетални тестови.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски