Три силни земјотреси во Јонско Море, почувствувани и во Македонија

Од:

Три земјотреси ноќеска беа регистирани во Јонското Море, а беа почувствувани и на територијата на Македонија.

Првиот земјотрес бил 22 минути по полноќ со јачина од 5,1 степен, вториот, најсилен земјотрес удрил во 00:54, со интензитет од 6,6 степени.

Потресот бил почувствуван до Атина, а властите соопштија дека засега нема извештаи за повредени лица или причинети поголеми метријални штети.

Епицентарот на двата земјотреси бил на 46-47 километри југо-западно од Закинтос на длабочина од 10 километри.

Третиот земјотрес удрил во 1 часот и 9 минути со јачина од 5,4 степени.

Земјотресите биле силно почувствувани и во југо-западниот дел на Македонија, Малта, Италија, Албанија и Либија.

Грчката противпожарна служба соопшти дека досега не е пријавена штета, но оти во главниот град на островот Закинтос нема струја. Во друг дел на островот биле пријавени паднати карпи, а се урнал и дел од ѕид на црква во градот Пиргос, во јужниот дел на Пелопонез.

Со одлука на градоначалникот училиштата денеска се затворени.

Грчките острови Закинтос, Кефалонија и Итаки, во 1953 година беа погодени од неколку силни земјотреси, при што животот го загубија над 450 лица, илјадници беа повредени, а беше предизвикана огромна материјална штета.

Би можело да ве интересира

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Унгарија