Два самоубиствени напади во предградие на Анкара

Од:

Двајца бомбаши-самоубијци утрово детонираа експлозив и се разнесоа во својот автомобил, во јужното предградие на Анкара, а откако полиција ги повика да се предадат.

Турската новинска агенција Анадолија наведува дека напаѓачите се подготвувале да изведат напад со автомобил-бомба.

Гувернерот на Анкара Ерчан Топача изјави дека полицијата вчера добила информација оти во тоа подрачје се одвиваат сомнителни активности. Тој за локалната телевизија изјави дека во инцидентот учествувале најмалку двајца напаѓачи, од кои една жена и оти обајцата се идентификувани. Се верува дека постои и трет напаѓач, кој во моментот е во бегство.

– На самото место пронајдени се 200 килограми материјал за правење експлозив, изјави Топача. дополнувајќи дека засега не е познато што требало да биде цел на нивниот напад.

Напаѓачите се обиделе да не бидат сомнителни со тоа што на возилото поставиле турски знамиња, кои ги купиле во последните два дена.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски