Два нови земјотреси во Албанија, почуствувани во неколку градови

Од:

Во Албанија се регистрирани два нови земјотреси, чиј епицентар бил во Бурељ, а биле почувствувани во повеќе градови низ земјата.

Според прелиминарните податоци, првиот земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10 часот и 5 минути на длабочина од два километри, пренесува Коха. Епицентарот бил на 11 километри од Бурељ.

Три минути подоцна, земјотрес со јачина од 2,6 степени е регистриран во Бурељ, на истата длабочина, а епицентарот бил на истото место.

Албанија синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Нов земјотрес на македонско-српската граница

Силен земјотрес во Србија

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци