Дури 70 отсто од месото што се продава во Тирана со непознато потекло

Од:

Дури 70 отсто од вкупното количество на месо што се продава во албанскиот главен град потекнува од добиток за кој не е познато каде се коле, ниту во какви санитарни услови, изјави тиранскиот градоначаланик Ерион Велај.

Според него, како што јави дописникот на МИА, состојбата околу контролата на месото што се продава во Тирана е алармантна.

– Тирана денеска е едниствен град со над милион жители што нема јавна кланица, која ќе ја гарантира безбедноста и хигиено-санитарните стандарди на месото што им се нуди на граѓаните. Постојат недостатоци и нерегуларости кои се сериозна опасност по здравјето на потрошувачите, посочи Велај на седница на Градскот совет на Тирана.

Тој тврди дека санитарно-ветеринарни контроли на добитокот не се реализираат во целост според предвидената ветеринарна легислатива и се предизвикува големо загадување на животната средина со внатрешнте органи, кожата и крвта на закланиот добиток,а не се почитуваат ниту другите прописи, како што е технико-ветеринарна котрола на месото кое е веќе на пазарот.

– Не сакам да предзвикувам паника, туку да ја кажам вистината. За 70 отсто од месото што се продава во Тирана, не се знае неговото потекло. Не се знае ни кој коле, ни во какви услови се прави тоа, рече Велај.

Со цел надминување на оваа појава, Градскиот совет донесе одлука да се изгради јавна кланица во Тирана.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент