Државите од Западен Балкан се обврзаа меѓусебно да не се блокираат на патот кон ЕУ

Од:

Земјите од Западен Балкан се обврзаа денеска дека меѓусебно нема да се блокираат на европскиот пат, како и дека ќе вложат поголеми напори за напредок во внатрешните реформи.

Со декларацијата од Самитот за Западен Балкан во Виена земјите-учеснички се обврзаа дека меѓусебните несогласувања нема да ги злоупотребуваат една против друга во процесот на европските интеграции, како и дека ќе ја прифатат поддршката на Европската унија во решавањето на билатералните спорови.

Прифаќајќи се што досега земјите од регионот сториле во поправање на внатрешната ситуација, заклучено е дека е потребно повеќе напор за да се забрзаат домашните реформски процеси, пред се кога станува збор за владеењето на правото, управувањето со стопанството и реформите на јавната администрација, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Учесниците се договорија да ги продолжат состаноците во овој формат, со цел да се имплементира агендата договорена во Берлин минатата година и таа што е проширена во Виена, со цел да се забрзаат и разни проекти, кои се појавиле меѓу двата самита.

Сите земји од Западен Балкан цврсто веруваат дека нивната иднина лежи во ЕУ, а дека напредокот на секоја земја зависи од индивидуалните напори за исполнување на Копенхагенските критериуми и услови од процесот за стабилизација и асоцијација.

Во декларацијата се наведува дека се потребни конкретни чекори на политичките лидери на Западен Балкан кон трајно помирување во регионот, што е клучно за стабилноста и поддршката на создавање на Југоисточна Европа, способна да го надмине наследството од минатото.

Српскиот и косовскиот премиер ја потврдиле, како што се наведува во заклучоците од Самитит, одлучноста за интензивирање на процесот на нормализација.

Исто така потребно е да се зголемат напорите во изнаоѓање компромис меѓу Македонија и Грција, кога станува збор за спорот со името.

Земјите од Западен Балкан се согласиле дека радикализамот, тероризмот и насилниот екстремизам претежно на странските борци, кои се борат во Сирија и Ирак бара јакнење на соработката и поголема размена на информации.

Во врска со илегалната имиграција лидерите го потенцираа значењето на организирање конференција на високо ниво, посветена на предизвиците на западно-балканската рута.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски