Драма во болница во Загреб: Медицинска сестра донела питон

Од:

Во Клиничкиот центар Дубрава во Загреб владее вистинска паника меѓу вработените и пациентите, затоа што во четврток еден час пред полноќ, медицинска сестра во кошница донела питон, пренесуваат хрватските медиуми.

Оваа неверојатна приказна денес за „Јутарњи“ ја потврдил и санитарниот управител Марко Баниќ, но и официјални лица од полицијата. Пациентите и вработените стравуваат затоа што се уште не се знае дали змијата ја напуштила болницата.

Според зборовите на очевидци, медицинската сестра која што била на боледување дошла во просторија во која биле нејзините колешки и прашала една од нив, дали може да замисли што има во кошницата, а потоа и ја покажала змијата.

-Како што слушнав, колешката се скаменила. Целата во шок, најпрвин почнала да се тресе, а потоа да вреска и да бара помош- вели една лекарка.

Откако се упатила кон дежурниот лекар и службата за обезбедување, жената која што ја донела змијата побегнала.

-Таа одеднаш исчезнала. Замислете да сте дежурни во ноќ, кога нема никој во болницата, освен, неколку лекари, сестри и пациенти, а низ главата ви поминуваат мисли дека можеби тука некаде има змија – велат лекарите од Клиничкиот центар.

Од полицијата потврдуваат дека добиле дојава, за настанот и дека кога излегле да извршат увид во болницата ги немало ниту жената, ниту змијата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски