Aвионот на компанијата ТО Црна Гора денеска се судрил со јато птици, а по овој инцидент авионот бил приземјен во главниот град на Србија.
„Поради овој настан доцнеше летот од Белград за Подгорица, бидејќи авионот во моментов е на неопходна техничка проверка, со цел да се обезбеди максимална безбедност“, потврдија надлежните служби.
Овој непредвиден настан ќе предизвика доцнење на летот за Рим, додека другиот сообраќај се очекува да се одвива според предвидениот распоред.
„Им благодариме на патниците за разбирањето и трпението. Безбедноста на патниците и екипажот и техничката исправност на авионот остануваат наш приоритет, а тимовите на компанијата вложуваат максимални напори за да обезбедат сите патници да бидат навремено информирани и безбедно транспортирани до нивните дестинации“, рекоа надлежните.