ДПС на Ѓукановиќ ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на црногорската Влада

Од:

Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ соопшти оти денеска ќе ја покрене иницијативата за гласање недоверба на Владата, како и дека потпишаниот Темелен договор со СПЦ ќе биде суспендиран по изборот на нова извршна власт.

Од ДПС информираа дека иницијативата за гласање недоверба на Владата е отворена за сите оние кои, исто така, сметаат оти извршната власт се однесува неодговорно кон националните интереси на Црна Гора, се наведува на Твитер од страна на партијата на Ѓукановиќ, која го поддржа формирањето малцинска влада на Дритан Абазовиќ.

„Денеска потпишаниот Договор, кој е спротивен на Уставот на Црна Гора ќе биде суспендиран веднаш по изборот на нова влада“, тврдат тврдат од ДПС.

Извор МИА

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

Ѓукановиќ очекува проблемите во Црна Гора да се решаваат со посредник, најверојатно од ЕУ

А1он

Абазовиќ: Ѓукановиќ да биде подготвен на последиците доколку не го потпише Законот за Претседател

А1он

Ѓукановиќ: Воведувањето на Црна Гора во Отворен Балкан е еднакво на велепредавство

А1он