Ѓукановиќ: Воведувањето на Црна Гора во Отворен Балкан е еднакво на велепредавство

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ оцени дека воведувањето на таа земја на Отворениот Балкан би било „еднакво на ново велепредавство“.

– Во моментот кога Владата го усвои темелниот Договор, тоа беше легитимна влада. Јас се спротивставив, верувам дека тоа беше задкулисна работа во корист на некои центри надвор од Црна Гора, дека премиерот го прави тоа и дека сака да го направи тоа без вклученост на професионална и лаичка јавност, рече Ѓукановиќ и додаде дека денешното воведување во Отворениот Балкан ќе биде „неодговорно и транспарентно, во служба на интересите на некои земји и спротивно на интересите на Црна Гора“.

Посочи дека авантурата на Владата која ја изгуби довербата со обидот да ја воведе државата во Отворениот Балкан би била еднаква на ново велепредавство.

Тој, исто така, потенцира дека „Отворен Балкан го започнаа луѓе кои ја изгубија довербата во реалноста на европската перспектива за нивните земји“, пред се од Србија, Албанија и Северна Македонија.

– Иницијативата не не подготвува за живот во ЕУ, подразбира соработка според балканските стандарди и верувам дека тоа не ни треба. И не мислам дека Црна Гора треба да им се придружи на оние кои ја загубија довербата во европската перспектива, додаде Ѓукановиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора