Дорис Пак: Николиќ го запира напредокот на Србија

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Босна и Херцеговина, Дорис Пак изјави дека новиот српски претседател Томислав Николиќ треба да им докаже на своите гласачи, но и на Европската Унија, дека навистина сака напредок на земјата.

Таа оценува дека Николиќ, со својот тврд и недипломатски став, ја враќа Србија назад и штети на патот кон ЕУ, на добрососедските односи и на жртвите од војната.

За Дојче Веле, Дорис Пак вели дека изјавите на Претседателот се чудни и несфатливи, но се надева дека тоа е резултат на неговото неискуство во политичката дипломатија на високо ниво.

Таа вели дека ако лидерот на една земја, дава изјави како оние на Николиќ за Сребреница и Вуковар, тогаш европските челници треба да му предочат како реално стојат работите во Европа.

Ако остане да ја гледа само својата страна, би било штета, но ако со текот на времето се поправи, тогаш може да стане сериозен партнер на патот на српската евроинтеграција, вели Пак.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски