Доколку Косово формира вооружени сили и косовските Срби може да формираат своја армија

Од:

Во случај Косово да формира свои вооружени сили, косовските Срби, исто така, може да формираат своја армија, изјави за српската државна телевизија РТС поранешниот претседател на српската парламентарна комисија за Косово, Милован Дрецун.

Дрецун оцени дека законот за трансформирање на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово, што денеска треба да го разгледува Парламентот во Приштина, е „дискриминирачки закон, што на Србите им ја наметнува волјата на албанската страна“.

Тој додаде дека е неопходно да се создадат услови Србите и останатите неалбански заедници да се чувствуваат безбедни во Косово, оценувајќи дека формирањето на вооружени сили ќе предизвика вознемиреност кај српскиот народ.

– Овие Вооружени сили ќе бидат наследник на терористичката Ослободителна војска на Косово (ОВК), што беше претворена во Косовски заштитен корпус, што потоа беше преименуван во некакви Косовски безбедносни сили и сега се формира некаква армија, што е непотребна и ја дестабилизира, место да ја стабилизира ситуацијата, рече Дрецун.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија