Додик: Важно е Република Српска да има пристап до центрите за донесување одлуки, а тоа се Америка и Русија

Од:

Милорад Додик денес нагласи дека е важно Република Српска да го зачува мирот и стабилноста и нагласи дека е важно и Република Српска да има пристап до центрите за донесување одлуки, а тоа се Америка и Русија.

Додик нагласи дека се работи на нормализирање на односите, дека БиХ секогаш е во криза, а сега, како што вели, прашањето е дали има смисла тој да функционира.

„Мислам дека дијалогот е неопходен во БиХ, ако нема дијалог, ќе се распадне, ако го има, има шанса да се направи нешто“, рече Додик.

Иако, вели тој, постојано велат во Сараево дека ќе има војна, Република Српска го зачува мирот и стабилноста.

„Муслиманите ја сакаат цела БиХ за себе, што никогаш не можат да го добијат, сите нивни цели се нереални, не знаат како да живеат сами, мора да имаат тутори, не знаат како да создадат држава, додека Србите се државотворен народ“, нагласи Додик.

Би можело да ве интересира

Уапсен командантот на одбраната на Сребреница и поранешна пратеничка во парламентот на Република Српска

ВИДЕО: Синот на Милорад Додик нов премиер на Република Српска

Катерина Ѓуровски

Нови тензии во БиХ: Повторно се отвора прашањето за поделба на државата

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ