Додик утре во Москва на средба со Путин

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, потврди неговата советничка Ана Тришиќ-Бабиќ.

Тришиќ-Бабиќ изјави дека на средбата меѓу Путин и Додик „се очекуваат разговори за сериозни економски прашања“.

„Очекуваме да се разговара за сериозни економски прашања за кои денес зборуваат сите сериозни политичари, како да ја поминеме оваа зима, пролетта и следната зима“, изјави таа за Алтернативната телевизија на Бања Лука.

Според неа, претстојната средба во Москва е продолжение на разговорите што почнаа на Економскиот форум во Санкт Петербург на крајот на јуни.

„Една од темите на состанокот ќе биде енергетската ситуација и како Република Српска да помине што е можно подобро во сето ова што се случува. Веројатно ќе има и дискусија за тоа до каде сме стигнале со проектот за гасоводот од Србија до Република Српска“, додаде Тришиќ-Бабиќ.

Таа, исто така, рече дека Русија секогаш нагласува дека ја поддржува дејтонската Босна и Херцеговина во нејзините граници, почитувајќи ги трите конститутивни народи и два ентитета, како што е наведено и во Уставот на Босна и Херцеговина.

Додик патува за Москва на крајот на кампањата за изборите на 2 октомври, на кои ќе се бори за функцијата претседател на РС.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски