Додик: Усвоениот документ не прејудицира членство на БиХ во НАТО

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека никаков документ што прејудицира членство во НАТО не е усвоен на денешната седница на Претседателството на БиХ, туку само Програма за реформи во БиХ.

-Во тој документ отворено се вели дека документот е сет од реформи и дека тие не прејудицираат членство и за секој вид движење во правец на членство во НАТО потребна е нова одлука на Претседателството на БиХ и Парламентарното собрание и дека одлуката ќе се носи во согласност со ставовите на сите органи на власта, рече Додик за бањалучката „Алтернативна телевизја“.

Кажувајќи дека ги разбира „овие од СДС и ПДП “ и дека „гледа дека се бесни“, тој рече дека треба „да престанат да се лутат“.

-Го разбирам и тоа затоа што тие неоправдано долго седеа на места во органите на власта на БиХ и со ова им се уриваат привилегиите и да се направат многу работи што не се во согласност со ставовите на Народото собрание на Република Српска, рече Додик.

По денешната седница на Претседателството на БиХ во Сараево тој замина за Белград, каде се сретна со српскиот претседател Алексанадар Вучиќ.

Претседателството на БиХ на денешната вонредна седница донесе одлука за именување на Зоран Тегелтија (СНСД) за претседавач со Советот на министри на БиХ и донесе одлука во седиштето на НАТО во Брисел да се достави документот Програма за рефирми на БиХ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија

Ана Ололовска

Совет на ЕУ: БиХ во моментов не ги исполнува политичките критериуми

Ана Ололовска

БиХ: Околу 350 мигранти префрлени од кампот во Вучјак во близина на Сараево

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тачи: Последните месеци кочница беа ДУИ со нападите кон различни функционери на СДСМ коишто се Албанци

Почна преместувањето на мигрантите и беглаците од Вучјак

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Шекеринска од носачот на авиони „Хари С. Труман“: Овој носач на авиони со сите капацитети е веќе дел од нашата одбрана

Ана Ололовска