Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Од:

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, нагласи дека денес, кога Бања Лука го пречека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, јасно се виде колку е вредно да се има пријател кој ја разбира борбата и патот на Република Српска.

– Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми. Затоа денешниот ден е повеќе од протокол – тоа е потврда за вистинско партнерство, рече Додик на платформата X откако на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, му беше доделен почесен докторат во Бања Лука.

Тој му изрази благодарност на Сијарто што покажа дека и Европа има поинакво лице кое ги почитува народите, традицијата и слободата.

Би можело да ве интересира

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Француски медиум: Милорад Додик планира патување во Вашингтон, ќе се сретне со лобистите ангажирани од РС

Предраг Петровиќ

Додик: Србите не се добредојдени во Сараево

Горан Наумовски

Маѓар: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина

Додик: Дејтон е урнат, останаа само урнатините