Додик патува за Москва, најави што ќе разговара со Путин

Од:

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик би можел да разговара за цените за гасот и новиот гасовод со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Москва, изјави руски функционер за новинската агенција РИА.

Планираната посета, за која РИА вели дека би можела да се случи утре, веќе наиде на остри критики од ЕУ, која протестираше против патувањето во Москва на официјален претставник од земја-кандидат за време на конфликтот во Украина.

„На состанокот ќе се разговара и за цената на гасот. Можам да кажам дека веројатно ќе биде одобрена најдобрата цена – за пријателските земји“, изјави Душко Перовиќ, шеф на претставништвото на Република Српска во Русија, пренесува РИА.

Етнички поделената Босна и Херцеговина нема единствен став за надворешната политика, а Додик одржува блиски односи со Русија и со претседателот Путин. Додиковата Република Српска е регион што ја сочинува Босна заедно со автономната бошњачко-хрватска федерација, поврзана со слаба централна влада, наведува Ројтерс.

Официјалниот претставник исто така рече дека босанската влада се согласила да започне преговори со Србија за изградба на нов гасовод за транспорт на гас од Русија. Босна добива руски гас преку Србија и Бугарија од подморскиот гасовод Турски тек.

Би можело да ве интересира

Путин ненадејно објави тридневно примирје за Денот на победата

Путин: Корејските пријатели дејствуваа од чувство на солидарност, правда и вистинско другарство

Путин проговори: Киев доживеа целосен колапс, се ближиме кон крајот

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана

Додик: Источно Сараево е нашата стратешка област

Трамп: Мислам дека Путин ќе ме послуша и ќе ги запре нападите

Горан Наумовски