Трамп: Мислам дека Путин ќе ме послуша и ќе ги запре нападите

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин ќе го слуша кога станува збор за запирање на нападот врз Украина.

На прашањето на новинарите дали мисли дека Путин ќе го послуша неговиот повик да ги запре нападите, Трамп накратко одговори „Да“, пренесува Ројтерс.

Оваа изјава доаѓа неколку часа откако Трамп испрати порака до Путин на платформата Truth Social: „Владимир, ПРЕСТАНЕТЕ! 5.000 војници умираат неделно. Ајде да го завршиме мировниот договор“.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Русија размислува за засилување на ракетните напади врз Украина

Трамп: Нема место за шеријатот во САД

(ВИДЕО) Луѓе скокаa од прозорци во Харковскиот регион за да избегнат изгореници од рускиот напад

Паника во Кремљ: Путин планира да употреби нуклеарно оружје?

Трамп конечно проговори за посетата на Ретклиф во Москва

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна