Додик: Од утре ги напуштаме органите на БиХ, одлуката на Инцко за негирањето геноцид е ништовна

Од:

Седницата на Народното собрание на Република Српска посветена на последната одлука на високиот претставник Валентин Инцко, со која во БиХ се прогласува за кривично дело „негирањето на геноцидот и величање на воените злосторници“, ќе биде одржана во петок, соопшти членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тој денеска одржа состанок со лидерите на парламентарните партии, на кој е одлучено на седницата, која ќе биде затворена за јавноста, да бидат донесени два закона.

Додик вели дека „наметнувањето на Инцко се отфрла како ништовно и од денеска, српските политички претставници во Претседателството на БиХ, во Советот на министри и во Парламентарното собрание на БиХ нема да учествуваат во одлучувањето додека не се види на кој начин ќе му се спротивстават на ова и ќе обезбедат механизам со кој ќе нема повеќе наметнувања“.

Тој рече и дека високиот претставник кој доаѓа да го замени Инцко веќе нема легитимитет и дека „повеќе нема да биде прифатена ниту една одлука“.

Користејќи ги овластувањата кои му ги дава Уставот на БиХ, Високиот претставник Инцко наложи да се смени Кривичниот законик на земјата, со тоа што негирањето на геноцидот и величањето на осудените воени злосторници ќе повлекува затворска казна.

На ова силно се спротивстави Република Српска, како една од федеративните единици во Босна и Херцеговина, а Додик уште минатата недела се закани дека е можно ентитетот да прогласи независност како резултат на наметнатите услови од меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Додик: Стигнав во моето село, ви благодарам на сите за поддршката

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Додик е успешно опериран, префрлен е на интензивна нега