Додик најави враќање на српските претставници во институциите на БиХ

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, најави враќање на српските функционери во државните институции на БиХ, откако српскиот претседател Александар Вучиќ го повик да го стори тоа, како и по дополнителните санкции што неодамна ги воведе американската администрација поради неговите „сецесионистички потези“.

– Не е мала работа ако претседателот на Србија ја замоли оваа структура да размисли за тоа, објаснуваше Додик денеска на прес-конференција, на прашањето за враќањето на српските претставници во институциите на Босна и Херцеговина, на што повика Вучиќ. .Американските санкции беа продолжени против Додик и неговите соработници на почетокот на јануари поради сецесионистичката политика.

Тој во петокот се сретна со Вучиќ во Белград. Набргу потоа, тој наиде на остри критики од опозициската Српска демократска партија (СДС) и Партијата за демократски прогрес (ПДП), кои го критикуваа дека капитулирал и ги погазил заклучоците на Народното собрание на Република Српска.

Тие велат дека ги поништил сите заклучоци на српските партии за бојкот на институциите во БиХ, откако поранешниот висок претставник Валентин Инцко воведе амандмани на Кривичниот законик кон крајот на јули минатата година, прогласувајќи го негирањето на геноцидот и воените злосторства и говорот на омраза за кривично дело.

На прес-конференцијата, како што пренесува Хина, Додик објасни дека ќе инсистира да се отстранат причините поради кои српските претставници не учествуваат во работата на седниците и институциите на БиХ и дека не е донесена конечна одлука за враќање во институциите.

– Српските претставници ќе одат на седниците само кога ќе оценат дека е неопходно и од интерес за Република Српска. Ќе ги почитуваме одлуките на Народното собрание на Република Српска, рече Додик.

Прашан за најавата за нови санкции, за кои предупреди специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, српскиот член на Претседателството на БиХ рече дека Ескобар има потенцијал да нареди нечија ликвидација.

– Лично го познавам овој Ескобар. Мислам дека има потенцијал да нареди нечија ликвидација. Во секој случај, не треба да се грижиме за тоа, рече тој.

Додик, исто така, повторно го нападна високиот претставник Кристијан Шмит, велејќи дека лажно се претставува во БиХ.

– Немам намера да разговарам со лажен и неизбран висок претставник. Република Српска не смее да ги прифати оние што ни се наметнуваат и да ги оставиме да одлучуваат наместо нас, додаде Додик.

Руската и кинеската администрација го поддржуваат ставот на српската страна во БиХ дека германскиот политичар Шмит мора да биде поддржан од Советот за безбедност на ОН, како што беше случајот со неговите претходници, додека САД и клучните западни сојузници веруваат дека е доволно да биде потврден од Совет за имплементација на мир, кој ја надгледува работата на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик: Вучиќ ја има мнозинската поддршка од граѓаните во Република Српска

Почнува судењето на Додик, неговите поддржувачи ја опколија судската зграда

Додик верува дека тој ќе биде првиот претседател на независна Република Српска

Додик: Република Српска има поддршка од околу 15 држави да се отцепи од Босна