Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Од:

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик упати зборови со поддршка до претседателскиот кандидат на претстојните избори во Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, над кого имаше втор обид за атентат во два месеци.

Додик напиша дека се обиделе да го убијат Трамп по втор пат.

„Господине претседателе, чувајте се, ни требате да победите! На Америка и требате вие, но и на остатокот од светот“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.

Вчера беа испукани неколку куршуми во близина на теренот за голф на Трамп во Вест Палм Бич, Флорида.

Безбедносните служби го означуваат овој настан како обид за атентат, а осомничен е Рајан Весли Рут, кој го чекал Трамп во грмушките со калашњиков, кога го забележале агентите на Тајната служба. Според информациите на американските медиуми, Рајан Весли Рут бил жесток поддржувач на Украина и против Русија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања

А1он

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Горан Наумовски

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија