Додик: Мојата пресуда и апсењето на Ѓорѓеску се дел од истата кампања

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска ја спореди пресудата на Судот на БиХ против него со апсењето на Калин Ѓорѓеску во Романија и истакна дека тие се дел од истата кампања што ја водат глобалистите преку злоупотреба на правдата, кои очајнички се обидуваат да ја задржат власта со замолчување на опозицијата и местење на изборите.

– Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс беше во право – демократијата е нападната. Само вистината и волјата на народот можат да ги запрат! напиша Додик на платформата Х.

Судот на Босна и Херцеговина денеска го осуди претседателот Додик на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател, поради „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит.

Генералното обвинителство на Романија денеска го сослуша кандидатот за претседател Калин Ѓорѓеску во рамки на пошироката истрага за нерегуларности на изборите кои беа поништени во декември.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

Додик: Моќни луѓе од Русија, Србија и Унгарија ми понудија да избегам од БиХ

А1он

МВР: Во тек е акција за апсење на неколку полицајци

Додик: Република Српска се залага за мир, но нема да дозволи конфискација на имотот и јурисдикција

А1он

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Уапсен e музичарот Миле Кекин