Додик има пневмонија на двете белодробни крила

Од:

Српскиот член и претседател на претседателството на БиХ Милорад Додик има пневмонија на двете белодробни крила, дознава АТВ.

Според последните информации од Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука, каде е згрижен Додик, велат дека тој е во стабилна состојба и дека животот не му е загрозен.

Медиумите претходно објавија дека Додик доцна синоќа бил хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска поради мачнина и болки во желудникот.

Кабинетот на Додик ниту ја потврди, ниту ја демантира информацијата.

Додик од саботата беше во самоизолација поради контакт со лице заразено со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Додик: Владата е стабилна, Република Српска не е безбедносно загрозена

Додик доби забрана за влез во две европски земји

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска