Додик и Ердоган разговарале за формирањето на Советот на министри

Од:

Српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за формирањето Совет на министри.

Турскиот претседател изразил задоволство за постигнатиот договор меѓу победниците на изборите за формирање на нов состав на Советот на министри, со што, како што се согласиле соговорниците, се отвора можност за што побрза реализација на веќе договорените проекти, од кои некои имаат и регионално значење, како што е автопатот кој ќе ги поврзува БиХ, Република Српска и Србија, соопшти кабинетот Додик.

Во соопштението се додава дека Додик и Ердоган истакнале оти сега се создадени неопходните предуслови за БиХ да се посвети на решавање на постоечките проблеми во интерес на сите свои граѓани.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти