Додик: Христијанската и муслиманската заедница во БиХ не можат да живеат заедно

Од:

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина не успеа да го спречи поставувањето нов германски амбасадор бидејќи опозицијата ја бојкотираше седницата на парламентот на Република Српска, но сепак ја искористи говорницата за пораката дека во БиХ христијанската и муслиманската заедница не можат заедно да живеат.

Искористувајќи ја можноста за прогласување нарушување на витален интерес како српски член на државниот врв на БиХ, Додик побара одржување вонредна седница на собранието на РС, на кој не дојдоа опозициските пратеници.

Без поддршка од две третини од пратениците на ентитетскиот парламент не е можно да се оспори одлуката на Претседателството на БиХ за прифаќање на новиот амбасадор на Германија откако гласаа другите два члена Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.

„БиХ е пример како христијанската и муслиманската заедница не можат да најдат коегзистенција. Секој обид на планетата да се управува со ваквите разлики во светот пропадна. Нема ниеден успешен пример. Затоа БиХ останува заробена во постојани неуспешни обиди на имагинацијата“, кажа Додик.

 

Би можело да ве интересира

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Владата е стабилна, Република Српска не е безбедносно загрозена

Додик доби забрана за влез во две европски земји

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик