Косовскиот бискуп, имзот Дод Ѓерѓи даде вознемирвачка изјава велејќи дека набрзо можни се терористички напади во Приштина, Скопје и во Тирана, како последица на тоа дека некои луѓе се задоени во духот на нетрпеливоста и омразата.
Поради тоа тој упати апел до државните, политичките, верските и културните инситуции да не гледаат сеир, туку да се ангажираат на попречување на терористички акти, како оние што се случија во Париз, Бангладеш и во Истанбул.
– Овој дух на нертпеливот и омраза на чуден начин навлезе и кај некои наши луѓе. Така што настаните во Истанбул, Бангладеш, Париз набрзо може да стигнат во Приштина, Скопје или во Тирана – рече Дод Ѓерѓи на мисата посветена на жртвите во Истанбул и во Бангладеш.