„Дневни аваз“: Брисел бара воведување санкции за БиХ

Од:

Европската комисија предложила воведување санкции за Босна и Херцеговина, објави весникот „Дневни аваз“.

Во писмо испратено до Европарламентот и останати институции во ЕУ предложено е укинување на Привремениот договор за трговија со БиХ, ако Сараево до 1 јануари 2016 година не договори со Брисел услови со кои на Хрватска ќе и се обезбеди соодветен трговски договор со БиХ.

БиХ се уште не прифатила прилагодување на трговските поволности одобрени во рамки на Привремениот договор.

Во случај до донесување на таа уредба ако ЕУ и БиХ не потпишат и привремено применуваат договор за прилагодување на трговските олеснувања од договорот за стабилизација и Привремениот договор, олеснувањата одобрени за БиХ би требало да прекинат 1 јануари 2016 година, се вели во предлогот на комисијата.

Ако таа одлука се усвои БиХ ќе го загубат пазарот во ЕУ, а Брисел нема да додели околу 550 милиони неповратни средства од фондови за БиХ поради неспроведување на реформи.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна