Деветмина Албанци обвинети за регрутирање борци за ИД

Од:

Деветмина албански државјани, меѓу кои и двајца муслимански проповедници, беа изведени пред Суд во Тирана, под обвинение дека врбувале и регрутирале над 70 лица, кои заминале да се борат во редовите на групата Исламска држава (ИД) во Сирија.

Обвинетите беа упасени пред една година под сомнеж за организирање терористички активности. Доколку бидат прогласени за виновни, тие би можеле да заработат затворски казни во траење од најмалку 10 години.

Според обвинителството, обвинетите во две џамии во Тирана, кои не се дел од Исламската верска заедница на Албанија, проповедале џихад и врбувале муслимнаски верници за да се борат во редовите на ИД.

Исламската верска заедница на Албанија досега во неколку наврати ги повикуваше муслиманските верници да не се приклучуваат кон исламистичките групи во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин