Десетици илјади жители на Истанбул протестираат против плановите за сечење на дрвата во паркот

Од:

Десетици илјади жители на Истанбул излегоа денеска на протест против плановите за сечење на дрвjа во паркот Валидбег во азискиот дел на мегалополисот, јавуваат турските медиуми.

Граѓаните излегоа на протестот рано изуринава, откако во паркот пристигна булдожер, придружен од припадници на полицијата.

Планирано е на местото на паркот да биде изграден забавен комплекс, како и џамија.

Локалните жители сепак тврдат дека планираното сечење на дрвјата во паркот е незаконско.

Паркот Валидебег е едно од малкуте зелени пространства, кои останаа во азискиот дел на градот и во него има голем број историски згради. Во паркот се снимени голем број класични турски филмови. 

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски