Дендиас во Белград: Грција го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Од:

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој е во посета на Белград, изјави дека официјална Атина го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина за да се постигне сеопфатно правно обврзувачко решение и нагласи дека сите досегашни договори мора целосно да се применат, јави дописникот на МИА од Белград.

– Патувам за Приштина и таму ќе го повторам истото, изјави Дендиас по разговорот со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и нагласи дека Грција продолжува да го поддржува европскиот пат на Србија.

Дендиас соопшти дека телефонски разговарал со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за тој дијалог и за напорите што се преземаат за намалување на тензиите на северот на Косово.

– Во врска со мојата посета на Западен Балкан оваа недела, претходно имав телефонски разговор со Мирослав Лајчак за дијалогот меѓу Белград и Приштина и напорите преземени за намалување на тензиите на северот на Косово, напиша Дендиас на Твитер.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ говорејќи за актуелната ситуација на Косово, рече дека во интерес на Србија е да го зачува мирот и да води дијалог за спорните прашања. Дачиќ и Дендијас во текот на денот ќе му бидат гости на српскиот претседател Александар Вучиќ на крсната слава Св. Никола.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

ВИДЕО: Студентите од Белград тргнаа пешки кон Нови Сад, ќе се приклучат на блокадата на 1 февруари

Катерина Ѓуровски

Автобуска несреќа во Белград: 20 лица се повредени, меѓу кои дете и бремена жена

Горан Наумовски

Нападнат новинар на српски „Курир“ на протестот во Белград

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсена девојката која прегази студентка во Белград, граѓаните ја дочекаа со извици „убиец“

А1он