Дечкото на тиктокерката Ноа призна дека бил во врска со неа и ја убил, важел за проблематична личност, а телото го искасапил на делови

Од:

Триесет и тригодишниот Д.О. е уапсен под сомнение дека ја убил Ноа Миливојев (18) од Ковиља, тиктокерка и трансродова личност која исчезна на 17 јуни годинава. Девојката Ноа чие искасапено тело беше пронајдено денеска во центарот на Белград е родено како Ѓорѓе Миливојев, имала 18 години.

Нејзиното тело е пронајдено денеска во стан во центарот на Белград. Убиецот го искасапил телото до непрепознатливост во неговиот стан. Веднаш бил уапсен и според првите информации признал се.

Во дворот од стан се собирале разни девојки, а соседите се сомневаат дека биле поврзани и со проституција, пренесува Информер.

Сосетка која живее во таа зграда вели дека само неколку пати видела „маж со патерица“ и дека соседите ја предупредиле за неговото однесување.

Инаку, уапсениот прв бил на распит за исчезнувањето на Ноа и тој ја негирал вината, но полицијата основано се сомневала дека сторил кривично дело убиство, па го „притиснала“ и на крајот го привела.

Во полиција изјавил дека не се сеќава кога ја убил девојката, ги исекол деловите од телото и ги фрлил во вреќи. Наводно бил во врска со убиената девојка.

Според зборовите на соседот на убиецот, тој важел за проблематичен млад човек, а таа често го гледала со различни девојки. Таа додава и дека ја видела Ноа пред две недели.

“Имаше инцидент меѓу нив двајца. Се расправаа. Таа викаше во зградата и бараше да и ги врати работите. После тоа не ја видовме. Другите соседи ме предупредија дека е опасен и проблематичен”, раскажува сосед.

Како што додава, по таа расправија го виделе убиецот како вади женски работи, а мислеле дека Нои ги носи или дека се сели.

Миливојев исчезнала на 17 јуни во Белград кога отишла да се види со своето момче.

Како што тогаш истакна нејзиното семејство, од саботата на 17 јуни таа не се јавувала на телефон, што никогаш досега не се случило.

На денот кога и се губи секаква трага, таа разговарала со мајка си по телефон и рекла дека ќе оди да се види со своето момче.

Фото: Мондо.рс

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Потресни сцени на одбележувањето на трагедијата во „Рибникар“: Луѓето чекаат во редици да им оддадат почит на убиените деца

А1он

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Почнуваат градежните работи на Националниот фудбалски стадион во Сурчин

Предраг Петровиќ

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски