Давутоглу: Во турско-грчките односи се забележува процес на големи психолошки промени

Од:

Во турско-грчките односи се забележува процес на големи психолошки промени и промена на парадигмата, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу на синоќешната прес конференција во Анкара со својот грчки колега Димитрис Аврамопулос, пренесе турскиот сајт Ворлд булетин.

Тој посочи дека Турција е задоволна од ваквиот развој.

-Нашата работа е насочена кон зближување на народите на Турција и Грција, кон развој на пријателските односи и претворање на Егејско море во „езеро на пријателството“, во нов период на развој на односите, подвлече турскиот шеф на дипломатијата.

Говорејќи за турско-грчките трговски односи, Давутоглу посочи дека двете земји сакаат во блиска иднина да ја зголемат билатералната трговска размена до 10 милијарди долари.

На 5 март во Истанбул ќе се оддржи заседание на Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција.

Грчкиот министар за надворешни работи на прес конференцијата изјави дека двете земји сакаат да организират средба на турски и грчки бизнисмени во Истанбул на 4-5 март, имајќи ги предвид плановите и желбите за активирање на трговската размена.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски