Давутоглу: Три милијарди евра се потребни за решавање на бегалскиот проблем во Турција

Од:

Над три милијарди евра ќе бидат неопходни за решавање на проблемот со бегалците во Турција, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу за турската телевизија „Ал Хабер“, пренесе ТАСС.

-Три милијарди евра е помошта што ние ја пресметуваме за првата фаза. Во иднина сумата ќе треба секоја година повторно да се пресметува во зависност од развојот на ситуацијата. Сметаме дека овие средства не треба да доаѓаат од веќе создадените фондови. Тоа треба да биде нов и посебен фонд за финансирање на проблемот со бегалците, додаде тој.

Давутоглу посочи дека вчера имал многу позитивни и корисни разговори со германскиот канцелар Ангела Меркел.

-Со Германија заедно ќе се занимаваме со бегалскиот проблем. Ситуацијата е таква што мигрантите, кои од наша територија се обидуваат да се прфрлат, на пример во Грција, нема да останат во Атина, тие ќе продолжат напред кон Германија. Сите овие европски земји се само коридор за бегалците на пат за Германија, рече тој.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски