Давутоглу: Соборениот дрон во турскиот воздушен простор е од руско производство

Од:

Дронот што во петокот беше соборен од турските воени авиони во турскиот воздушен простор во близина на Сирија бил од руско производство, но Москва и порача на Анкара дека авионот без човечки екипаж не и припаѓал на Русија, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу за телевизијата „Ал- Хабер“.

Во интервјуто што беше емитувано во живо, Давутоглу изјави дека дронот можно е да им припаѓал на силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, на курдската милиција PYD или на други сили.

Давутоглу додаде дека соборувањето на дронот има ефект на одвраќање и дека се надева дека Русија ќе покаже повнимателен став по претходните нарушувања на турскиот воздушен простор, пренесоа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски