Давутоглу потврди дека ИДИЛ ослободил 32 турски возачи

Од:

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу денеска ја потврди информацијата на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот, дека 32 турски возачи на камиони, кои беа киднапирани минатиот месец во Северен Ирак, се ослободени.

– Синоќа ние добивме добра вест за киднапираните возачи. Пред 15-20 минути нашиот генерален конзул ги пресретна киднапираните и ги упати кон Ербил. Ниовната здравствена состојба е добра. Можно е некој од нив да има потреба од медицинска помош, истакна Давутоглу.

Тој наведе дека од Истанбул за Ербил ќе замине авион, с кој возачите ќе пристигнат во Анкара.

Турските возачи беа киднапирани од ИДИЛ на 10 јуни, додека патувале кон Мосул. Припадниците на ИДИЛ ги ослободија возачите но не и камионите кои превезувале мазут.

Во заложништво на ИДИЛ остануваат уште 49 луѓе, кои се во Турскиот конзулат во Мосул, меѓу кои и генералниот конзул, како и деца. Тие се киднапирани по упадот во Конзулатот на 11 јуни.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски