Дачиќ: Ова е најголемата криза од крајот на војната, Вучиќ оди во Бања Лука

Од:

Српскиот министер за полиција и вицепремиер Ивица Дачиќ му се обрати на народот по итната седница на Советот за национална безбедност. Итната седница беше закажана на предлог на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Претседателот Вучиќ ги информираше сите членови за ситуацијата околу пресудата за Додик. Претседателот презентираше седум точки и заклучоци кои беа прифатени едногласно. Првата е осуда на пресудата. Таа е недемократска, незаконска. Потоа повик за смиреност во реакцијата. Повик за единство и заедништво на целиот наш народ и сите политички партии и во Република Српска и во Република Србија. Имаше и други точки кои не би ги споменал. Изразена е голема загриженост. Ова е најголемата криза од крајот на војната. Ова е најголемиот напад на Сараево и странските сили врз Република Српска. Претседателот Вучиќ се упатува кон аеродромот, патува за Бања Лука каде што ќе разговара со Додик. На сите им е јасно дека Србија е во тешка ситуација, и на Република Српска и на српскиот народ. Му посакувам на претседателот Вучиќ успех да го преброди ова“, рече Дачиќ

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

Дачиќ: Не е точно дека Вучиќ и наредил на полицијата да употреби сила за да ја деблокира зградата на РТС

А1он

Додик: Моќни луѓе од Русија, Србија и Унгарија ми понудија да избегам од БиХ

А1он

Додик: Република Српска се залага за мир, но нема да дозволи конфискација на имотот и јурисдикција

А1он

Дачиќ: Утрешниот централен собир во Белград ќе биде одговорот на Србија која сака да се развива

А1он

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена