Дачиќ: Наместо во омраза, Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Загреб изјави дека Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир и добри односи наместо во омраза и сите отворени прашања да се решаваат со дијалог.

Дачиќ присуствува на Божиќниот прием на Српското народно собрание (СНВ) во Хрватска. На настанот присуствуваат и членови на хрватската Влада.

– Моето доаѓање овде е силна порака за потребата да се разговара и да се редефинираат актуелните односи помеѓу Белград и Загреб. Не размислуваме исто за многу прашања, но мораме да разговараме и да се договориме. Затоа сме овде денеска, посочи Дачиќ.

Тој додаде дека обновувањето на конструктивниот дијалог меѓу Белград и Загреб на рамноправна основа, е „единствениот начин за решавање на отворените прашања кои продолжуваат да ги оптоваруваат“ односите меѓу двете земји.

– Србите и Хрватите имаат многу заеднички интереси. Без оглед што се случило пред 10 или 30 години, ние мора да ги разгледаме прашањата поврзани со минатото, сегашноста и иднината. Треба да се обидеме да најдеме заеднички интерес дури и кога не размислуваме исто, посочи Дачиќ.

На божиќниот прием на СНВ присуствуваат и министерката за европска интеграција на Србија, Тања Мишчевиќ, министерката за човекови и малцински права во Владата на Србија и претседателот на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина Томислав Жигманов, патријархот на Српската православна црква, Порфирија.

Исто така присутни беа и членови на Владата на Хрватска, меѓу кои и премиерот Андреј Пленковиќ, потпретседателката на хрватската Влада Ања Шимпрага, претставник на Независната демократска српска партија, министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и министерот за правда и администрација Иван Маленица.

Домаќинот, претседателот на Независна демократска српска партија во Хрватска, Милорад Пуповац наведе дека главна задача на српските и хрватските политичари е да го замолчат говорот на омраза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница

Пленковиќ најавува формирање влада: Веќе имавме разговори, наскоро ќе се знае

Катерина Ѓуровски

Дачиќ: Денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребереница за геноцид

Предраг Петровиќ

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

Дачиќ: Ако Србија реши да војува, на Косово нема да му помогнат ниту милион „Џавелини“

Катерина Ѓуровски