Дачиќ: МВР ќе ја забрани парадата, ако оцени дека собирот е со висок ризик

Од:

Премиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека Владата нема да одлучува за одржувањето на “Парада на гордоста” и повтори дека МВР е тој што ќе даде проценка на безбедносните ризици и да одлучи дали најавената прошетка за сабота, 6 Октомври може евентуално да биде забранета.

Доколку се покаже дека одржувањето на “Парадата на гордоста” на 6 Октомври ќе биде собир со висок безбедносен ризик, полицијата ќе забрани да биде одржана, како и одржувањето на сите други собири најавени за тој ден, рече Дачиќ, додавајќи дека досега добил само дел од безбедносните проценки.

Тој рече дека организаторите на “Парадата на гордоста”, но и оние кои се против нејзиното одржување се одговорни за безбедноста на сите учесници.

Дачиќ оцени дека некои содржини кои се најавени од организаторите како што е изложбата, во која Исус Христос е поврзан директно со ЛГБТ популацијата, може да биде поттик за оние кои не сакаат оваа манифестација да се одржи на мирен начин.

“Атмосферата не е добра, овде станува збор за човековите права, но пораките со навредлива содржина кои се дел од целата оваа недела, не придонесуваат за тоа дека сè ќе помине безбедно. Поради карикатурата на пророкот Мухамед целиот муслимански свет се крена на нозе и се организирани големи демонстрации”, рече Дачиќ додавајќи дека е невозможно да се измери степенот на опасност.

Дачиќ рече дека оние кои им се закануваат на организаторите на “Парадата на гордоста” и нема да им овозможат одржување прошетка, сакаат да ги преземат државните работи во свои раце и им порача дека тоа не е можно. За тој ден најавени се протести на движењата “Наши” и “Порта”.

Додека организаторите на парадата на гордоста веруваат дека таа ќе се одржи на 6 Октомври во Белград, од Порта порачуваат дека користејќи ненасилни методи,ќе сторат се парадата да не се одржи и најавија тужба против организаторите, како што е наведено, поради навредливата изложба што му претходи на настанот.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ