Дачиќ: Изјавата на Китаровиќ е неевропска

Од:

Потпретседателот на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ рече дека изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дека Загреб мора да постави ограда на границата со Србија за да се заштити од приливот на бегалци, не е европска, јави Танјуг.

– ЕУ повеќепати рече дека подигнувањето огради и ѕидови на границите не се европски одговор, изјави Дачиќ.

Дачиќ не даде коментар за различните пораки кои доаѓаат од Хрватска, со оглед на тоа дека премиерот Зоран Милановиќ само ден пред изјавата на Китаровиќ рече дека таа држава нема да гради ѕидови и да подигнува граници.

– Тоа се нивни внатрешни односи, заклучи Дачиќ.

Хрватската претседателка изјави дека на таа држава во иднина ќе и биде потребна „некаква ограда“ на границата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада