Дачиќ: ЕУ е приоритет на Србија

Од:

Претседателот на српската влада, Ивица Дачиќ во денешниот разговор со групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент, оцени дека членството во ЕУ е приоритет.

Премиерот истакна дека европската интеграција на Србија е од голема важност за интеграција на целиот регион и додаде дека се надева дека ЕУ ќе ги цени напорите кои што Србија ги вложи и реформите кои што ги спроведува.

Членовите на делегацијата на социјалистите и демократите во Европскиот парлемент, која што ја предводи потпретседателот на групата Либор Роучек, истакнаа дека Србија станува столб на стабилност во регионот и заслужува што порано да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

На состанокот е оценето дека е направен историски чекор во решавање на проблемите на Косово и Метохија и дека имплементацијата на бриселскиот договор ќе обезбеди опстанок на Србите во јужната покраина и ќе допринесе за регионална стабилност.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани