Ципрас: Мерките за штедење во Шпанија доживеаја пораз

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги поздрави резултатите од изборите во Шпанија на кои гласачите ги отфрлија непопуларните мерки за штедење кои, во  време на должничката криза во еврозоната, ги воведоа шпанскиот премиер Маријано Рахој и неговата Народна партија.

– Мерките за штедење во Шпанија доживеаја политички пораз, наведе Ципрас во соопштение, истакнувајќи дека резултатите од изборите се потврда за оние кои се противат на зголемувањето на даноците и знак дека Европа се менува, пренесе Танјуг.

Партијата на Рахој победи на изборите во Шпанија, но не освои мнозинство во Парламентот, што до овој момент го имаше.

Ципрас и неговата партија Сириза се блиски со шпанскиот Подемос, чиј лидер е професорот по политички науки Пабло Иглесијас.

Подемос (Можеме) го освои третото место на изборите, освојувајќи 69 од вкупно 350 места во Долниот дом на Парламентот.

Според речиси целосните резултати од изборите, Народната партија  освои 122 места во Парламентот. На второ место се социјалистите со 91 место, а четврти се Сиудаданос (Граѓаните) со 40 места.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија