Членството во НАТО ќе ја чини Црна Гора 450.000 евра годишно

Од:

Полноправното членство во НАТО годишно ќе ја чини Црна Гора по околу 450.000 евра, соопштија од црногорскиот Совет за членство во Алијанста, отфрлајќи ги како неточни информациите што се пласираат во јавноста дека Подгорица како членка на НАТО ќе мора да плаќа по два отсто од својот бруто домашен производ (БДП).

Во соопштението на Советот се нагласува дека членството во НАТО носи два вида на трошоци – членарина, која за Црна Гора ќе изнесува околу 450.000 евра годишно и давачки од домашниот буџет наменети за системот за одбрана, кои земјата ги има независно дали ќе биде членка на Алијансата или не.

Од Буџетот на Црна Гора за 2017 година за потребите на одбраната се предвидени околу 50 милиони евра, од кои само околу пет милиони се од сопствени приходи.

– Тоа значи дека членарината од 450.000 евра е апсолутно прифатлива и остварлива, се наведува во соопштението.

Според Советот, инсистирањето на централата на НАТО и пред се на САД, секоја земја членка да ги зголеми троошоците за одбрана на ниво од два отсто од својот БДП, всушност се однесува на средства наменети за сопстевната одбрана на секоја држава, а не за буцетот на Алијансата.

Црна Гора планира издвојувањата за одбраната да ги зголеми до два отсто од БДП до 2024 година.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство